Фановите на Дара Бубамара жестоко ја обвинија Јелена Карлеуша дека негативно влијае на пејачката.
Нападот на Јелена Карлеуша на социјалните мрежи не престанува. Дара ја обвинија дека откако го обнови пријателството со Карлеуша често влегува во конфликти со колегите.
„Доволно долго ја следам естрадата и знам дека Дара досега нема вака ниско ударено. Но, добро сама ќе види колку згреши кога ќе се раздели со Јелена и кога новите фанови ќе и свртат грб, а јас едвај чекам тоа да се случи“ напиша на Твитер еден фан на Дара.
Причината за тоа е што Дара објави фотографија од пејачката Јасна Миленковиќ Јами, а во описот напиша:
„Ова е чудовиште кое ме прозива“.
Фановите на Дара мислат дека Карлеуша е виновна за нејзиното однесување и дека наводно Бубамара сака да биде како нејзината пријателка, пишуваат српските медиуми.
Наводно Дара исто така се труди да позира како Јелена, има слични модни комбинации и имаат иста фризура.