Радио Милева штркот долета...

Дарко Велковски стана татко: Фудбалскиот репрезентативец доби син (ФОТО)

Дарко Велковски стана татко: Фудбалскиот репрезентативец доби син (ФОТО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Велковски и неговата животна сопатничка Тамара Чуприна, имаат голем повод за славење.

Дарко стана татко, откако неговата сопруга  во една приватна скопска акушерска клиника на свет донесе здраво машко дете.

Малечкиот наследник го доби името  Ведран. Ова е прво дете на Дарко и Тамара, кој прва и ја сподели радосната вест, но и фотографии од малиот Ведран од породилиштето.

Честитките за приновата разбирливио се редеа и од семејството и од роднините, другарите, пријателите, колегите… од сите!

Тамара, која е помала сестра на некогашната манекенка, модел и ТВ водителка на „Бекстејџ“, Драгана Чуприна,  уште во месец септември лани, 2021 година ги изненади сите, откако објави фотографија од ултразвук на бебе и под објавата напиша:

„Исто како мојот татко, без фотографии ве молам“ – појаснувајќи дека е во петтиот месец од бременоста, но не го откри полот на бебето кое е на пат.

Пред да станат за прв пат родители, фудбалерот и манекенката во последните денови од декември 2021 година и законски ја официјализираа својата врска, а љубовта ја крунисаа со брак.

На венчавката која била од интимен карактер присуствувале само најблиските членови на семејствата и тесен круг на роднинии пријатели на младенците, а свадбената веселба се одвивала во еден познат угостителски локал.

Сега кога „штркот долета и во нивното семејно гнездо“, а тие станаа родители, малиот Ведран на Дарко и Тамара уште повеќе ќе им го разведри брачниот живот, кој добива нов квалитет со проширувањето на семејството.

Нека им е жив и здрав малечкиот наследник!

Фото: Инстаграм принтскрин/chuprinaatamara

To top