Радио Милева Храбар одговор на предизвикот

Дарко Спејко зборува сè најлошо за себе во „Загруга“: „Влегов во ова шоу да се фолирам поради пари!“ (видео)

Дарко Спејко зборува сè најлошо за себе во „Загруга“: „Влегов во ова шоу да се фолирам поради пари!“ (видео)

Кумановецот Дарко Петковски-Спејко пред нешто повеќе од недела дена стана дел од реалното шоу „Задруга 3“ и уште еднаш одлучи да се проба да биде затворен речиси една година и изолиран од надворешниот свет.

Во 2015 година од „Големиот брат“ излезе како победник и освои 100 илјади евра, а денес своето претходно искуство реши да го инфилтрира кај „задругарите“ во шоуто чија продукција е на „Пинк“ и Жељко Митровиќ.

Меѓу многуте учесници секојдневно се случуваат разни непредвидливи ситуации, но и намерни кои учесниците сметаат дека ќе им донесат рејтинг и популарност кај гледачите.

фото:принтскрин/јутјуб/задруга

Па така, продукцијата не случајно ги избира ликовите, а скоро да нема таков кој до крајот на шоуто нема да предизвика некаков скандал. За да не им биде досадно, како на учесниците, така и на гледачите, „задругарите“ постојано довиваат разни предизвици поставени од продукцијата или меѓу самите нив.

Пред неколку дена, доцна во ноќта се собраа во дворот и го предизвикаа Спејко да каже сè најлошо за себе, односно да избере најгрди зборови што му паѓаат на памет и секако да бидат наменети на негова сметка.

Тој не се двоумеше многу да се „извалка“ себе си.

фото:принтскрин/јутјуб/задруга

-Сакам да им кажам на сите дека не сум легенда како што зборува Кариќ, дека сум најголемата лошотија на светот. Влегов во ова шоу да се фолирам поради пари, јас сум сељак. Јас сум најголемото го*но на светот! –како од пушка се „исплука“ сам себе, но секако само на шега поради поставениот предизвик за кој остнатите му аплаудираа.

Како изгледаше тоа погледнете од видеото во продолжение:

To top