Кумановецот Дарко Спејко во 2015 година победи во реалното шоу „Големиот брат“.
Иако по победата често добиваше многу прашања дали повторно ќе влезе во реално шоу, тој истакна дека постојат такви можности.
Иако додека беше во врска со Љупка Митрова често се најавуваше дека можеби двајцата заедно ќе влезат, сепак тоа не е така.
Имено, неодамна заврши последната сезона на реалното шоу „Задруга 2“ каде што победата ја однесе Луна Џогани.
За септември се најавува и нова сезона на ваков вид на шоу, а како што најавуваат српските медиуми Дарко Спејко ќе биде еден од учесниците.
Извор близок на продукцијата тврди дека веќе се договорени учесниците, а еден од нив ќе биде и Спејко.
Тој на својот „Инстаграм“ профил ја сподели веста од српските медиуми дека ќе влегува во „Задруга 3“, а со тоа ја потврди и оваа информација.
Како ќе се снајде Спејко во „Задруга 3“ и дали повторно ќе освои висок пласман или пак повторно ќе осови победа останува да видиме.
За потсетување, во „Задруга 2“ учествуваше и македонската блогерка и модел Елеонора Миљковиќ.