Радио Милева Убавината е преодна

Дарко Спејко има топ девојка, ама и топ „баба“: Љупка Митрова е „риба и пол“, ама мајка и е… „авион“!

Дарко Спејко има топ девојка, ама и топ „баба“: Љупка Митрова е „риба и пол“, ама мајка и е… „авион“!

Струмичката модна блогерка и топ модел Љупка Митрова, по „разводот“  и врската со Дарко – Спејко стана лик кој секојдневно буди интерес и на социјалните мрежи и во медиумите. Особено интересот се зголеми откако Вистина.мк откри дека таа му е кумашинка, до душа, сега веќе „бивша“ на актуелниот претседател на Владата, Зоран Заев, односно тој и е бивши кум!

Љупка не престанува да провоцира со постирање скокотливи фотографии, од кои повеќето ги разгоруваат машките мечти и фантазии и ги вжештуваат социјалните мрежи!

Фотографиите на кои сексапилната струмичанка во љубовна екстаза со „кумановскиот љубовџија“  – Спејко, станаа вообичаен декор на Интернет, но она што таа последно го постираше покажува и докажува од кого згодната блогерка ги наследила убавината и сексапилот!

Имено Љупка Митрова овој пат наместо себе си и новата љубов, ја покажа нејзината прва и вечна љубов – мама! Таа честитајќи и го роденденот на мајка и постираше неколку фотографии од кои се гледа дека г-ѓата Митрова – помалата ( во Фејсбук статусот барем се’ уште и стои дека е во брак), убавината ја наследила токму од г-ѓа Митрова – повозрасната!

Или што би рекле, оваа дама е  убава и згодна на мама! Зашто мама навистина изгледа како да и е малку постара сестра, а не мајка! А камо ли баба на две преубави внуки!

До душа, неодамна Љупка објави и фотографија на која игра танго со истиот оној господин што е на новите фотографии седнат до мама… нејзиниот  татко!

Што значи убавината на згодната струмичанка е сепак производ на генетска делба на двајцата родители! Ама сепак, ако дамите важат за понежен и поубав пол, a Љупка Митрова е „риба и пол“, тогаш мајка и е… „авион“!

 

To top