Дарко Лазиќ и Ана Севиќ иако веќе долго време се разведени и не се брак, се интересни за јавноста и не престанува да се пишува за нив.
Овој пат, најнова вест е тоа што пејачот гостуваше во емисијата „Викенд премиера – специјал“ каде што отворено зборуваше за се’, за својата сообраќајка, за приватниот живот, за неговата свршеница, за Ана Севиќ.
На прашањето кога последен пат ја видел својата ќерка Лорена која ја има од бракот со Ана, тој одговори дека тоа било пред една година.
На оваа изјава веднаш реагираше и Ана Севиќ која ја демантираше изјавата не екс сопругот и објави докази дека тој лаже.
Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“, таа сподели преписка со пејачот од 7 јули, на која пејачката го побарала Лазиќ, а тој и испратил фотографија со ќерката Лорена објаснувајќи и дека се возеле, па не го слушнале телефонот.
Исто така, Ана објави уште неколку фотографии од Лорена како го прославувала својот шести роденден во родното место на својот татко односно во Брестач.
„10.07.2020. Роденденот на Лорена во Брестач“, напиша таа како објаснување на фотографиите.
По оваа објава не се огласи ни фолкерот, ни неговата поранешна сопруга.
Инаку, Ана е во осмиот месец од бременоста од нејзиното ново момче Даниел, а како што пишуваат српските медиуми, кога ја видела изјавата на Дарко и се слошило и се вознимирила.