Радио Милева

Дарко Лазиќ веќе избра име за нероденото бебе иако не го знае полот

Дарко Лазиќ веќе избра име за нероденото бебе иако не го знае полот

Дарко Лазиќ по само неколку дена откако се разбуди од кома, дозна дека неговата девојка Марина Гагиќ е бремена.

Пејачот не престанува да прави планови за иднината. Пејачот кој од неодамна е на рехабилитација на бања, дополнително е мотивиран што побрзо да закрепне, за да биде подготвен за приновата која ќе пристигне во неговиот дом.

Дарко одмна посакувал да добие уште едно дете, а откако Марина му соопштила дека е во блажена состојба, уверен е дека по ќерката Лорена, доаѓа син.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial) on


Поради тоа, пејачот решил уште сега да му најде име на бебето, а тоа е Михаило, бидејќи верува дека Свети архангел Михаил, му го сочувал животот.

-Уште додека беше во брак со Ана, Дарко сакаше да го прошири семејството и замислуваше да има повеќе деца. Меѓутоа, година, две откако ја добија Лорена, нивниот брак западна во криза, а набрзо потоа се разделија. Двајцата почнаа нова врска, а Дарко промени неколку девојки пред да биде со Марина, вели за српски „Вип“ пријетел на пејачот.

To top