Радио Милева луда по него

Дарко Лазиќ туку што раскина со Марина, а веќе една позната пејачка му фрлила око: „Ќе му бидам трета жена, ќе му родам дете“ (ФОТО)

Дарко Лазиќ туку што раскина со Марина, а веќе една позната пејачка му фрлила око: „Ќе му бидам трета жена, ќе му родам дете“ (ФОТО)

Позната пејачка која со години пее на забави во Србија и која не сака да го открие идентитетот на пошироката јавност, тврди дека постои посебна емотивна врска помеѓу неа и Дарко Лазиќ и дека е подготвена конечно тој да биде нејзин и да му роди дете.

 

„Јас и Дарко сме слаби еден со друг со години. Секогаш кога ќе се сретнеме знаеме да размениме нежни погледи, има силна хемија меѓу нас, но за жал, никогаш не ни беше дозволено да се споиме“ – започнала пејачката.

„Кога и да се сретневме, или тој беше со Ана, потоа и со Марина, не ми беше дозволено да го освојам, но сега короната се смири, повторно работиме заедно и верувајте ми, овој пат нема да губам време“ –  искрена е пејачка која не крие дека е луда по Дарко.


„Тој е толку посебен, му треба жена како мене и знам дека тој исто така е загреан, ќе можам да го освојам, само ако  сум упорна и трпелива. Што ќе му фали да се ожени со мене, јас ќе му бидам трета жена, а ја знаете изреката: Трета – среќа! Ќе му родам дете, а Марина само нека гледа. Знам детали за нив, таа клинка не може да му наредува и да го командува. Сите негови жени си замислуваа дека се диви, а потоа на  Дарко кој е толку успешен и способен му наредуваат што и како да прави, а без него тие не се никој и ништо! Па, драги мои, не можете да го направите тоа! На Дарко му е потребна мудра и мирна жена, а тоа сум јас. Кога ќе го освојам , Марина ќе се покае, но ќе биде доцна. Тогаш ќе седи сама, ќе плаче и ќе се кае бидејќи ќе разбере каков човек изгубила! Но, тогаш Дарко ќе биде само мој и крај“ – заклучува пејачката.

Фото: Инстаграм принтскрин/darkolazicofficial

To top