Дарко Лазиќ зборуваше откако беше запален гробот на неговиот татко Милан Лазиќ, кој почина во декември минатата година.
Гробното место на гробиштата во Брестац беше скоро целосно изгорено, пожарот ја уништи рамката со вештачка трева, но и долниот дел од крстот на надгробната плоча, додека венците што стоеја таму од декември, кога беше погребан Милан, не беа зафатени од огнот.
Пејачот сега вели дека пожарот избувнал кога неговата баба запалила свеќа покрај гробот.
– Баба запали свеќа и ја остави да гори, а бидејќи е вештачка трева, се појави оган – рече Лазиќ за „Ало.рс“.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Милан Лазиќ почина во декември 2020 година, по компликациите што следеа по операцијата за намалување на желудникот, а деновиве се пишуваше дека гробот го запалиле лихвари на кои им должи Дарко.