Пејачот Дарко Лазиќ неодамна зборуваше за својот однос со неговите поранешни партнерки, Ана Севиќ и Марина Гагиќ.
Тој истакна дека на Ана Севиќ повеќе не и должи ништо поврзано за алиментација на нивната ќерка Лорена.
По тој повод, се огласи адвокатот на Ана Севиќ, Мишо Петровски кој истакна дека поднеле кривична пријава против пејачот и дека не платил алиментација 19 месеци, а долгот изнесува 475 000 денари.
Како што тврди адвокатот на Петровски, Лазиќ се уште е должен на Севиќ.
„Против Дарко поднесовме кривична пријава откако уплати половина од алиментацијата до март 2020 година. Од тогаш, па до денес не плати 19 месеци, па долгот изнесува 475 000 денари“, вели Петровски.
Како што објаснува адвокатот, Дарко досега требало да го плати долгот, но тоа не го направил.
„Со одлуката на судот тој беше обврзан да плаќа 25 000 денари месечно. Бидејќи тоа не го направи, извршителот води постапка и ќе извршиме наплаќање“ вели Петровски.
За потсетување, Дарко Лазиќ за алиментацијата изјави:
„На Ана и ја платив целата алиментација.Ана и јас повеќе не сме на суд, океј сме. Не знам од каде приказните дека должам нешто на Марина, зборува дека не плаќам редовно, не го гледам детето, не разбирам зошто. Имам докази преку уплатница, не знам што сака да постигне личноста која знае дека сум слаб на тие работи и сака да ме инзервира и да направам некој друг хаос.
За потсетување, Дарко Лазиќ откако раскина со Марина Гагиќ започна емотивна врска, а сега и заеднички живот со Барбара Бобак.