Српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ кој се уште закрепнува од последиците од тешката сообраќајна несреќа и неговата вереница Марина Гагиќ едвај чекаат да станат родители. Колку свршеничката на фолкерот ужива во својата бременост покажува и најновото видео, снимено во спалната соба. Таму идната мајка со насмевка на лицето го покажа разголениот труднички стомак додека танцуваше во ритамот на омилената музика.
Инаку, ова на Марина ќе и биде првото бебе, додека Дарко Лазиќ со бившата жена, пејаќката Ана Севиќ ја имаат својата ќерка Лорена.