Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ го прославија нејзиниот роденден, па се пофалија со неколку фотографии на Инстаграм од тоа како си поминале.
Седната на пејачот в скут, падната во неговите прегратки среќната Марина со дискретна насмевка го покажа своето задоволство, како и насмеаниот дарко кој на својата вереница на Инстаграм и порача:
„Среќен роденден љубов“!
Забавата траела до раните утрински часови, сите биле расположени, а коментарот направен под една од споделените фотографија ги натера сите да се изнасмеат.
„Даркане брат, ама ѕиркаат зелени од паричникот“, напишал еден од неговите следбеници на Инстаграм, алудирајќи на купчето зелени банкноти од по 100 евра, кои се гледаат подизлезени од паричникот на Лазиќ, оставен на масата.