Дарко Лазиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ и првпат се појави пред камери со неговата нова девојка Барбара Бобак.
Во емисијата следеше една игра меѓу Дарко и Бобана со цел да покажат колку се познаваат.
Барбара стави слушалки на ушите, за да не го слушне одговорот. Прашањето за Дарко – Откако сте заедно, колку време поминало за да имате интимен однос?
„Откога се запознавме помина еден месец, па се смувавме, па помина уште еден месец до првиот секс“, откри Дарко, а Барбара потврди дека е точно.
Прашањето за Барбара беше – Дарко со колку жени бил досега?
Барбара одговори – 267, а Дарко – 359.
Лазиќ потоа требаше да одговори што најмногу го нервира кај неговата партнерка.
„Кај Барбара најмногу ме нервира….Знае некогаш да избувне, па потоа да се извини. Иплсивна е“; одговори тој.
Барбара откри и што Дарко најмногу мрзи да прави.
„Дарко најмногу мрзи да се буди, да мие садови и да пегла облека“ одговори Бобак, а пејачот приазна дека е точно.
фото: принтскрин/јутуб/амиџи шоу