Пејачот Дарко Лазиќ и Ана Севиќ иако се разделија пред повеќе од една година, тие законски се разведоа пред некој ден.
Пејачот потврди дека официјално е разведен и ги откри како детали за разводот.
„Ана и јас сме цивилизирани луѓе, и понатаму сме во одлични односи бидејќи пред се бевме пријатели, а ја имаме и ќерката која ја сакаме најмногу на цел свет“ вели Дарко и додава дека се договориле и околу старателството на ќерката.
„За се се договоривме. Ќерката ќе живее со Ана, но првиот и третиот викенд во месецот ќе ги поминува со мене. За празниците исто така се договоривме да ги делиме еднакво, еден празник ќе го поминува со мене, еден со неа. Најважно е таа да е среќна и наскоро да го запознае братот“ вели пејачот.
Пејачот и неговата свршеница Марина Гагиќ наскоро ќе станат родители, а парот планира и венчавка.
„Сега може да ја планираме свадбата, но приоритет ни е да ја средиме куќата пред да се роди бебето“ вели Дарко.
Тој истакна дека својот стан во Белград го оставил на Ана и неговата ќерка Лорена.
„Станот останува на Ана и Лорена. Не сакам детето да се преселува, да оди во нова градинка, ново друштво. Се на се пресреќен сум“ вели некогашниот победник на „Ѕвездите на Гранд“.
За потсетување, Дарко во октомври претходната година доживеа тешка сообраќајна несреќа од која се уште оздравува.
По разделбата со Ана, пејачот започна нова врска со Марина, а и Севиќ ужива во нова љубовна романса.