Дарко Лазиќ се опоравува од сериозната сообраќајна несреќа што се случи на 23-ти октомври. Пејачот, кој ќе стане втор пат татко со својата нова вереница Марина Гагиќ, е познато дека со првата сопруга – пејачката Ана Севиќ ја имаат ќерката Лорена, која е многу приврзана со татко и, за што сведочи и фотографијата што се појави на Инстаграм.
На сликата може да се види како Дарко и малата Лорена се возат во автомобилче во еден луна парк. Фотографијата ги разнежни обожавателите на Дарко, а еден од нив му порача дека е најдобриот татко на светот.
„Да застанеш на нозе што е можно поскоро, да бидеш нов и повторно со својата ќеркичка“ – пишува во еден од коментарите.
Сепак, на то се надоврзаа и некои други, кои мислат поинаку, тврдејќи дека, тоа е само за добро на детето. Нивниот коментар е: „Дарко, никако со детето во автомобил“!