Радио Милева
мераклија на пороци

Дарко Лазиќ е искрен: „Дрогата ја баталив, ама алкохолот… не можам да не пијам!“

Дарко Лазиќ е искрен: „Дрогата ја баталив, ама алкохолот… не можам да не пијам!“

Дарко Лазиќ сè уште се опоравува од сообраќајната несреќа што ја доживеа лани. Пејачот успеа да го промени својот живот од корен во минатата година: Се разведе од Ана Севиќ, доби син со својата нова партнерка Марина, но во никој случај не успева да јанамали тежината и да се ослободи од главниот порок – алкохолот.

„Не можам да ветам за алкохолот, но ќе ослабам до концертот. Нема да ме препознаете. Подготвувам спектакл“ –  вели Дарко, кој вчера ја започна кампањата за големиот концерт што ќе се одржи во „Сава центар“ на 29 октомври, и додава:

„Ништо не јадам, ама малку се движам, а последниве денови ме убива промената на времето. Телесната тежина се намалува, и тоа допрва ќе се забележи на мене. Секогаш кога држев диети, се дебелеев. Сега ќе ми помогне многу што не пијам колку што пијев порано“ – тврди лазиќ и продолжува:

„Но, сакам да разјаснам нешто. Имам два пороци – мотори и алкохол. Не можам да ги лажам луѓето и да кажам дека нема да пијам повеќе. Секако дека ќе пијам. Ќе се роди второ, трето дете и како да не пијам? Не можам да не пијам! Никогаш не сум бил наркоман. Се чувствувам подобро од кога и да било,откако не земам кока. Дали требаше да кажам дека не го правев тоа? Не! Јас го правев. Самиот сум си виновен за тоа. Никогаш не реков дека тоа е добро и не им го препорачувам на другите“ – резимира Дарко кој ги почна подготовките за големиот белградски концерт.

Останати вести од Радио Милева