Пејачот Дарко Лазиќ заврши во болница поради крварењето кое го имаше поради непочитување на лекарскиот совет по операцијата за отстранување на вишокот кожа од стомакот.
Како што изјави синоќа Дарко Лазиќ во неговото видео снимено во болница, тој крварел од рани во стомакот поради непочитување на лекарскиот совет. А како што открива извор близок до него, тој бил премногу активен, што е строго забрането во првите денови по ваквата операција.
– На Дарко лекарите му рекле дека првите седум дена не смее воопшто да се исправи, мора да лежи и да биде во свиткана положба. Дури после седум дена треба полека да почне да вежба и да се корегира за притисокот на лузната да биде што помал и постепено се да си дојде на свое место. Сепак, Дарко не можеше да се одмори, па почна да станува рано, а тоа доведе до пукање на конците и крварење – изјави извор близок до пејачот.
Инаку, Дарко синоќа се вклучи во живо на својот Инстаграм профил додека лежеше во болнички кревет во придружба на сопругата Каќа.
Лазиќ во еден момент плачеше од болка и откри што се случило, а многумина забележаа колку е блед и исцрпен.
– Морам да бидам тука додека не престане крварењето. Не можам да станам. Ќе бидам добро, се надевам, се ќе биде добро. Бев малку немирен, лекарите направија се најдобро – рече Дарко.
Фото: Принтскрин/Инстаграм