Радио Милева добро и лошо

Дaрко Лазиќ се присети на сообраќајната несреќа која ја доживеа, па откри шокантни детали (фото)

Дaрко Лазиќ се присети на сообраќајната несреќа која ја доживеа, па откри шокантни детали (фото)

Популарниот пејач Дарко Лазиќ пред пет години доживеа тешка сообраќајна несреќа кај Пеќина каде едвај преживеа, а сега раскажа шокантни детали, додека бил на апаратите за одржување во живот.

Лазиќ во таа прилика се здоби со тешки повреди, беше во кома 23 дена, а сега за прв пат раскажа што му се случило додека бил во болница.

Имено, фолкерот Дарко Лазиќ гостувал во подкаст, каде опишал сцени од привиденија додека бил приклучен на апаратите.

– Имав сообраќајна несреќа во октомври 2018 година и буквално по неколку часа бев отпишан. Целосно потонав. Два месеци бев во болница. Да не зборуваме за повредите, кои се страшни: 12 скршени ребра, скршен колк, карлица, граден кош, хематом на главата, слезината, бубрегот. Еден месец дишев на машини. Бев во кома 23 дена. Тоа е многу чудна работа, и нон стоп го имав во глава и видов некои бели или светло сини завеси кои постојано беа таму, летаа. Видов и некои луѓе кои воопшто не ги познавам. Малкумина го знаат тоа, сега го кажав. Тие 23 дена што траеја како да легнав и спиев и се разбудив утредента – откри Лазиќ, а на изјавата на соговорниците дека може да се сфати како да е од другата страна, тој одговорил: 

– Бев клинички мртов, во кома. Знам дека ме реанимираа. Така ми рекоа подоцна,toa e сигурно – изјави популарниот фолкер кој тврди дека научил работи од сообраќајната несреќа која му помогнала до крајот на животот.

– Лошата страна е што бев многу повреден и што сѐ уште имам проблем со ногата и тие повреди. Добрата страна на мојата несреќа е што конечно видов кој не ми треба во животот и научив што не сакам и што сакам.

Фото: Принтскрин/Пинк Тв

 

To top