Радио Милева од денешен агол

Дарко Филиповиќ открива детали од првата средаба со Саша Поповиќ: „Мислев дека ги малтретира пејачите“

Дарко Филиповиќ открива детали од првата средаба со Саша Поповиќ: „Мислев дека ги малтретира пејачите“

Дарко Филиповиќ е пејач кој се прослави во првата сезона на музичкото натпреварување „Ѕвезда Гранда“ каде го освои четвртото место. Иако за кратко време постигна забележителен успех, неговата кариера тргна по друг пат и многу брзо потоа се повлече од сцената.

Дарко во првата сезона на „Ѕвезда Гранда“ го привлече вниманието со емотивниот однос со колешката Тања Савиќ, која исто така учествуваше на ова натпреварување.

Најголем хит во неговата кариера е песната „Она, она“, а досега има издадено два студиски албуми. И покрај тоа, неговиот прв албум „Требаш ми“ помина добро кај публиката. Дарко во 2016 година се ожени со Јасна со која има две деца.

Пејачот во интервју за Курир.рс откри што мисли за директорот на Гранд продукција Саша Поповиќ.

-Саша Поповиќ го запознав во 2003 година. Пред тоа имав мислење за него дека е многу строг и дека малтретира. Меѓутоа, кога навистина го запознав, сфатив дека тој е многу обичен човек и домаќин. На шестмината, односно првиот тим на „Ѕвезда Гранда“ им се однесуваше како татко“, изјави пејачот, а потоа откри како го поминува животот денеска:


– Често работам и внимавам што повеќе да сум со семејството и децата. Не сакам да ја пропуштам нивната младост и сакам да го проживеам тоа како татко.

фото:Инстаграм принтскрин/Јутјуб Гранд

To top