Овагодинешното издание на Евровизија се одржува во Ротердам, Холандија.
Македонскиот претставник, Васил Гарванлиев со песната „Here I stand“, настапуваше на првата полуфинална вечер. Меѓутоа, Васил не се пласираше во финалето на музичкото шоу.
Вечерва (28.05.2021) е втората полуфинална вечер на која ќе настапуваат и српските претсавнички „Хурикејн“ со пената „Локо локо“.
Aражаманот на евровизиската песна го правеше нашиот добро познат мајстор за музичко дело, Дарко Димитров.
Дарко моментално е во Ротердам, како и пејачката Марија Шерифовиќ која замина за да ги бодри своите колешки од „Хурикејн“.
Димитров на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од генерланата проба на српските претставнички, а покрај него беше и некогашната победничка на Евровизија, Марија Шерифовиќ. Насмеани, позитивни, расположени тие испратија позитивна енергија од Ротердам.
„Мислам дека „Хурикејен“ без проблем ќе поминат во финалето и нивниот настап ќе биде одличен. Жал ми што македонските и хрватските претставници не поминаа во финалето бидејќи сценските настапи им беа сјајни“, изјави Дарко за „К1 телевизија“.
Дали вечерва Србија ќе се пласира во финале останува да видиме.