Промотер

Дарио жената за сто години, ја претвори во „Жена за милијун година“ (ВИДЕО)

Дарио жената за сто години, ја претвори во „Жена за милијун година“ (ВИДЕО)

Како резултат од  од успешната соработка на Дарио со една од најпознатите мотивациски говорници на Балканот, Ана Бучевиќ произлезе хрватската верзија и видеото за песната „Што е мое ќе си дојде“ (Што је моје то ќе доќи)проект по кој дојде понудата за соработка од една од најуспешните дискографски куќи на Балканот – „Југотон/Кроација рекордс“.

„Јас скоро четириесет години настапувам, од тие четириесет, триесет сме фантазирале како би било за една таква дискографска куќа да воопшто протнеш некое снимче… И сега тие ти се јавуваат и ти нудат соработка, прашуваат дали може“ – откри Дарио во неодамнешно гостување во емисијата „Б со точка“ кај легендарниот Драган Б. Костиќ.

Освен правата за издавање на „Što je moje to će doći“, „Кроација рекордс“ ќе продолжи да ги издава сите нови синглови на Дарио на хрватски јазик, вклучувајќи го и штотуку објавениот „Жена за милијун година“ кој, како што претпоставувате од самиот наслов, е хрватска верзија на хитот „Жена за сто години“.

Автор на музиката и текстот е самиот Дарио, а аранжманот го направи неговиот долгогодишен соработник Кристијан Габроски, додека видеото е дело на продукцијата „Фабрика“.

И навистина, што е негово ќе си дојде, а за Дарио и допрва ќе доаѓа!

 

To top