Радио Милева плагијат

Дара Бубамара се огласи по написите дека шпанската претставничка на Евровизија 2022 и ја украла песната „Екстравагантно“ – еве што вели

Дара Бубамара се огласи по написите дека шпанската претставничка на Евровизија 2022 и ја украла песната „Екстравагантно“ – еве што вели

Дара Бубамара се огласи по написите дека шпанската пејачка Шанел, ќе ја претставува Шпанија на Евровизија со плагијат од песната „Екстравагантно“ на Дара Бубамара.

Пејачката по овој повод добила многу пораки, а сега се огласи за информер.рс

-Од цел свет добив пораки на Инстаграм. Сите ми пишуваат дека сум украдена. Тоа го открија Шпанците. Музичките експерти утврдуваат дали е копија бидејќи тие знаат колку тактови може да бидат позајмени. Кога се ќе се потврди ќе се знае дали е копија или не. Вака кога се слуша изгледа дека е копија, но нека потврдат експертите, вели Дара за информер.рс

Таа вели дека е шокирана поради вниманието кое го добила.

-Се крена голема галама, мојата песна „Екстравагантно“ е насекаде, мене ми е драго бидејќи ќе ме види цел свет. Шпанците сакаат да ја дисквалификуваат пејачката. Мене ми е жал, јас не сакам тоа да се случи. Но, секој кој прави нешто лошо ќе мора да плати. Ми ласка тоа што песната ја издадов во 2017, а ја копираат во 2022 година. Шпанците се музикални, имаат најубави мелодии, драго ми е што им се допадна мојата песна“, вели српската пејачка.

Дали шпанската претавничка ќе биде дисквалификувана од Евровизија останува да видиме.

фото: принтскрин/инстаграм/darabubamara_official/јутуб/ртвемјузик

To top