Јелена Карлеуша се наоаѓа во центарот на вниманието поради експлицитните фотографии кои наводно ги праќала на босанскиот фудбалер Огнен Врањеш.
По тој повод се огласи и нејзината пријателка и колешка Дара Бубамара.
„Страшно. Кога се случи тоа не можев да спијам два дена, а морав да патувам. И јас поминав низ тоа и на мене ми беше наместено. Посебно е страшно кога тоа ќе го направи роднина или пријател“ вели Дара и додава:
„Таа не го заслужи тоа. Пред се е мајка и сопруга. Кој вели дека не праќа такви фотографии, тој лаже. Сите грешиме, треба да имаме своја интима, а кога ќе се случи такво нешто кај нас во Србија се нема почит кон семејството. Жените треба да бидат заштитени“ вели пејачката.
Таа откри како се чувствувала таа кога и на неа и се случила порно афера.
„Плачев неколку дена, но излегов силна. На Јелена немаше да и се случи ако не е ѕвезда. Душко треба да биде покрај неа и да бидат силни. Што се однсува до човекот кој го направил тоа, срамота. Каде е човечноста? Очигледно е дека е многу заљубен и повреден, а Јелена е јака“ вели Дара и додава дека се слушнала со Карелуша по големиот скандал.
„Секако дека се слушнав со неа, сега е во Кина со семејството. Кога видов, ми падна камен од срцето. Ме нервира што нема закон во Србија за такви работи. Јас се откажав од тужбата бидејќи ми се закнуваа со поголеми работи“ изјави Дара пред некој.
Карлеуша вчера се врати од Кина и пристигна на снимњето на „Ѕвездите на Гранд“ каде избега од новинарите и не сакаше да дава никакви изјави.