Дара Бубамара минатата година наводно купила стан во Шпанија, а сега купува уште еден.
Овој пат во око и паднал имот од 70 метри квадратни.
– Дара е вљубена во Барселона. Ја сака енергијата на тој град, луѓето… Секој слободен момент го користи да патува таму со синот Коста, кој исто така е ентузијаст за овој град. На пријателите им се доверила дека купувањето стан во Шпанија е една од најдобрите одлуки во нејзиниот живот. Токму затоа при последниот престој во Барса посети неколку апартмани во Барселонета, дел од градот кој е на само неколку минути пешачење од плажата. Посебно и се допадна еден од околу 70 квадрати, кој чини над 300.000 евра. Планира целосно да го уреди и да го издава, а од него да наплати месечна кирија. Таа не сака јавно да се зборува за ова, бидејќи никогаш не се пофалила со недвижниот имот што го поседува. Дара многу работи и троши многу, но со текот на годините сфати дека е најдобро да се инвестира во квадрати и дека нема грешка – ја започнува приказната изворот, па продолжува:
– Во последно време толку многу работи што навистина и треба одмор, па цел јануари го резервира за одмор. Сега е во Дубаи, а веднаш потоа ќе се врати во Барселона, за да продолжи да ужива, но и да заврши се што треба да направи со договорот и купувањето на нов имот.
Првиот имот на Дара во Барселона исто така се наоѓа во близина на Барселонета, а станува збор за двособен стан со голема тераса и поглед на морето.
Фото: Принтскрин/Инстаграм