Познатата пејачка Дара Бубамара отсекогаш имала вишок килограми, а познато е дека на почетокот на кариерата била многу слаба. Сепак, пејачката веќе ништо не препушта на случајноста, па се труди да се грижи за исхраната.Taa неодамна во емисијата „Ексклузив“ изјави дека има јасна цел и дека сака повеќе да ослабне.
– Сега сум на диета, планирам да имам 55 килограми, изјави Дара.
Во изгледот на Дара често можеме да забележиме осцилации, но кога сака да ги намали вишокот килограми се држи до едно правило, кое не е премногу напорно, а кое секогаш и носи резултати.
“Пијам шејк, јадам овошје, од сѐ по малку. И кога ќе нарачам оброк или кога ќе јадам нешто слатко, сето тоа е два или три залаци. И тоа е одлично. Верувајте ми. Затоа ослабев “, рече пред извесно време пејачката со насмевка.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Дара Бубамара