Поранешната музичка двојка Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ беа заедно 24 години, а за тоа време беа блиски семејни пријатели на Тончи Хуљиќ, па ја гледаа Хана како расте и созрева. Минатата година хрватските медиуми објавија дека Петар и Данијела повеќе не живеат заедно, а набргу потоа се шпекулираше дека Грашо е во врска со младата Хана, која набргу потоа забремени.
View this post on Instagram
Тие неодамна се венчаа во црквата Свети Доминик во Сплит, на интимна церемонија на која се собраа неколку десетици најблиски.
Моментално најпопуларниот брачен пар во Хрватска, Петар Грашо и Хана Хуљиќ, чекаaт девојче, а како што дознава „РТЛ Ексклузив“, малечката ќе се вика Алба.
Нивното прво дете треба да дојде на свет на 23 јули, а според хрватскиот магазин, Грашо нема да присуствува на породувањето зошто има закажан настап на „Фјужн“ фестивалот во Сплит.
Хрватските медиуми потсетуваат дека и Данијела Мартиновиќ, поранешната партнерка на Грашо, сакала да го крсти нивното дете Алба.
View this post on Instagram
-Синот ќе биде Тони, тоа се знае, по покојниот дедо на Петар, а за девојче имаме две имиња. Прво мислев Луце, бидејќи тоа ми е вистинско далматинско, наше име, а така се викаше и мојата покојна баба, но кога го слушнав името Алба, бев многу возбудена бидејќи Алба на италијански значи зора, ми е убаво и необично, и блиско до нас и различно име, изјави Данијела пред осум години за „Ин Магазин“.
Фото: роберт гашперт/инстаграм/петар грашо