Промотер

Даниел Коцалев со фолк химна што на сите „мекици“ ќе се пее во еден глас – „Татко станав јас“ (ВИДЕО)

Даниел Коцалев со фолк химна што на сите „мекици“ ќе се пее во еден глас – „Татко станав јас“ (ВИДЕО)

По минатогоодишниот фолк хит  „Без тебе“ , младиот македонски  пејач Даниел Коцалев има нова песна.

Станува збор за песната „Татко станав јас“ за која  како и за  претходната песна и овој пат  музиката и аранжманот  се авторско дело со потпис на Златко Миладиновски, додека стиховите ги напишала Соња Дојчиновска.

Како и  мината песна и оваа, најновата е визуелизирана со видеозапис. Видеото е во продукција на „Медиа таг“, додека сценариото и режијата ги потпишуваат самата Медиа таг продукција заедно со пејачот  Даниел Коцалев.

Инаку песната несомнено претендира да стане своевидна славеничка фолк химна кога се во прашање прославите на новородени дечиња, како што се традиционалните „мекици“, па се очекува да биде неизбежна на ваквите семејни веселби.

Инаку,  Даниел Коцалев е се’ поактивен со своите настапи по познатите угостителски локали, кафеани, ресторани, хотели како и разните семејни прослави, но е постојано присутен со многубројни гостувања и на најгледаните  фолк емисии во македоскиот ТВ етер, како што се  „Качамак“ или „Мерак меана“ на пример.

Погледнете го видеото и преслушајте ја најновата песна на Даниел Коцалев насловена „Татко станав јас“  која  на секој новореализиран родител што ќе ја слуша, ќе му одекне како празник за душа.

To top