Пејачот Даниел Кајмакоски изминатиот викенд пред јавноста обелодени дека стапил во брак со девојката чие име и идентитет реши да го држи во тајност уште првиот ден кога одлучи да ја претстави на Инстаграм.
Убавата црнокоса и пејачот цветаат од љубов, па откако тој објави дека се венчале, сега на ред дојдоа и фотографиите од официјалниот чин во матично кога ги разменуваат прстените.
Тој неа прстен за вечна љубов, па таа нему, а потоа силна прегратка стопени еден до друг.
Горд и заљубен, Даниел најде зборови да го опише она што го чувствува за саканата:
-Те сакам, не само затоа што си ти, туку затоа што она сум јас кога сум со тебе.Ти благодарам што си најдобрата верзија од мене…Пишува Кајмакоски.
Дали ќе има свадба и кога ќе се случи, останува информација за која знаат само младите.
Уште откако Даниел ја објави убавата вест, честитките само се редат…
За потсетување откако во 2019 година пејачот се разведе од мисицата и пејачка Кристина Димитриеска со која го има и синчето Давид, тој се пресели во Србија, а неговиот приватен живот беше непознат за пошироката јавност.
фото:Инстаграм принтскрин/Даниел Кајмакоски