Откако победи во музичкото шоу „Х фактор“, Даниел Кајмакоски беше миленик на публиката.
Сега повеќе е посветен на својот приватен живот. Тој и неговата сопруга Кристина претходната година станаа родители на својот прв син, засега единец, Давид.
Даниел повеќе е посветен на татковството, отколку на музиката на што му реагираат и фановите за побрзо да се активира.
Понекогаш знае на социјалните мрежи да сподели фотографија со синот или сопругата, или пак со двајцата.
Така беше и овој пат кога на Инстаграм сподели фотографија со малиот Давид, а Даниел среде игротека „застана на глава“.
Некои од неговите следачи му искоментира дека е опасен гимнастичар.
Погледнете како тато Даниел се забавува со Давид.