Радио Милева

Даниел Kајмакоски: „Се претворив во предатор кој ја штити својата територија!“

Даниел Kајмакоски: „Се претворив во предатор кој ја штити својата територија!“
фото:инстаграм/даниел кајмакоски

Во третата сезона на популарното регионално шоу „Твоето лице звучи познато“, нашиот поп пејач Даниел Кајмакоски ја однесе победата, а добиената награда ја донираше во хуманитарни цели, што наедно е и главната цел на шоуто.

Токму таа победа денес го вбројува Даниел меѓу најдобрите на истата сцена од петтата сезона. Трансформациите во кои досега сме го виделе се изненадувачко одлични, особено што Даниел во својата музичка кариера е познат како скромен и ненаметлив, дури и на сцена.

фото:тлзп/инстаграм

Но тој има едно свое гледиште токму по ова прашање за што во една од своите последни објави на Инстаграм вели:

Добро познат сум по тоа што сум фин речиси кон секого, но на сцена се претворам во предатор кој ја штити својата територија, пишува Даниел во описот на фотографија каде е на сцената од ТЛЗП.

фото:тлзп/инстаграм

Иако неодамна беше погрешно сфатен поради лакираните нокти кои ги покажа пред фотографите, а беше разбран како да го покажува симболот на голема Албанија, Даниел достоинствено го надмина ова недоразбирање и пред целата јавност објасни дека немал таква намера, туку само сакал да ги покаже лакираните нокти како дел од трансформацијата за ТЛЗП.

фото:тлзп/инстаграм

Фамата околу тоа во српските медиуми веќе стивна, а Даниел и понатаму продолжува со успешните настапи во шоуто кое го гледаме секоја недела на телевизија Сител.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/po-sluchuvanjata-vo-tlzp-daniel-kajmakoski-so-javno-soopshtenie-ja-obelodeni-vistinata/

Дали ќе биде успешен како и во третата сезона, останува да го следиме и поддржуваме.

Останати вести од Радио Милева