Поп пејачот Даниел Кајмакоски пред крајот на летото е препуштен на одмор и релаксација и тоа во женско друштво.
Неодамна од нашите содржини можевте да прочитате дека Даниел е на море заедно со девојка чиј идентитет тогаш не го откри.
View this post on Instagram
Веројатно на мистичноста и дојде крајот, па Кајмакоски за брзо се реши да покаже која е девојката со него, односно да го покаже нејзиното лице без да открие која е.
Пејачот и убавата црнокоса потпрена на неговото раме сега уживаат во Охрид за што тој напиша:
-Преку 30 години го посетувам ова место и се уште е иста молитва и иста желба како за мене и за моите најблиски, така и за сите луѓе на овој свет. Господе дај ни здравје,мир, љубов и повеќе време со оние кои најмногу ги сакаме. Ви ја праќам сета љубов од ова свет место, пишува Даниел од Св. Наум.
Екскурзијата на двојката продолжи кон изворите на Црни Дрим, а потоа веријатно на ручек, закуска, пијалот и тоа со звуците на старогратска музика – моменти кои Даниел ги објави на својот Инстаграм.
За потсетување, откако во 2019 година пејачот се разведе од Кристина Димитриеска, тој се пресели во Србија, неговиот приватен и љубовен живот беше во тајност се досега. Пред неколку месеци тој ја обвини екс-сопругата дека го отрула со кафе по што завршил во болница, но таа јавно ги отфрли ваквите обвинувања. Даниел и Кристина го имаат заедничкото синче Давид за кое се гржи мајката.
фото:Instagram/Daniel Kajmakoski