Промотер

Даниел Дан ги „обработи“ момците од „Дупер“ – „Не сум твој тип“ (ВИДЕО)

Даниел Дан ги „обработи“ момците од „Дупер“ – „Не сум твој тип“  (ВИДЕО)

Под мотото “Quarantine and Chill“ Даниел Данн и неговиот бенд, како дел од шоуто “HIT THE HITS“ го создадоа каверот на темата „Не сум твој тип“ од Дупер.

„Во време кога настапите нам музичарите ни се откажани јас и мојот бенд решивме дека токму ова е вистинскиот начин да ја изразиме нашата креативност. Музицирајќи во домашен амбиент успеавме да направиме дело со кое се надеваме дека ќе придонесеме за доброто расположение на нашите фанови и дека сите вие ќе ја добиете потребната доза на мотивација која и нас нè активираше“ – вели Даниел Данн.

Под тематиката „Quarantine and Chill ќе бидат преработени десетина македонски поп хитови, најавуваат од бендот во состав на : Даниел Данн (вокал), Александар Кипровски (гитари), Миле Наумовски (клавијатури), Дарко Јовановски (ударни инструменти), Лазар Соколов (дувачки инструменти).

Видеообработката е дело на Даниел Данн, а аудио микс на Александар Кипровски. Како Даниел ги „обработи“ момците од „Дупер“, слушнете и погледнете во оваа негова кавер верзија: