Младата битолска фолк пејачка Дани Даниела заедно со својата придружна група „Тик – Так“ деновиве промовираа нова песна и видеоспот.
Песната е насловена „Душа боемска“, а за првпат Даниела се јавува и како текстописец на оваа песна, додека музиката и аражманот е на познатиот и докажан автор Славко Ристески.
Спотот се снимаше во Прилеп, во него учествуваа околу триесетина статисти, а го изработе ИН Продукција. Премиерата на спотот беше на сателитската ИНТВ.
Како звучи и изгледа музичкиот мелем на Дани Даниела и „Тик -Ток“ за вашата „Душа боемса“ проследете во продолжение: