Промотер

Дани Даниела и „Тик Так“ пејат за – “Две срца“ вљубени (ВИДЕО)

Дани Даниела и „Тик Так“ пејат за – “Две срца“ вљубени (ВИДЕО)

Младата и атрактивна македонска фолкерка Дани Даниела 2023 година ја почна со настапи  во Австралија, каде ги забавуваше нашинците во еклузивниот ресторан Sheldon. Но,  Дани престојот  во Австралија го искористи и за снимање на видеоспот на нејзината најнова песна насловена „Две срца“ која ја изведува со групата „Тик Так“.

 

Освен сексапилната фолкерка  во видеото се појавува и познат манекен од Австралија, а истото е снимано на неколку локации низ Мелбурн.

Музиката, аранжманот, како и миксот и мастерингот на песната ги потпишува Љупчо Соколовски, додека текстот го напишал познатиот фолк автор и пејач Далибор Ѓошиќ Даки.

Видеоспотот како и многу други досега го реализирала екипата од ИН ТВ продукција.

Инаку, Дани Даниела има закажано голема австралиска туернеја  во октомври оваа година заедно со Ташко Каранфиловски и побеничката на Македонското музичко талент шоу Анастасија Митровска.

Како звучат и изгледаат нејзините “Две срца“ погледнете од видеоспотот во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

To top