Изминатиот викенд пејачот Јоце панов и офицајлно заплови во брачните води по 10 годишна врска со својата сакана Марина.
За свадбата Јоце ја искористи една од своите омилени песни „Данас је љубав побједила“, чиј спот изработен од кадри од венчавката беше прикажан на савата свечена забава пред присутните гости, за подоцна да се најде и на социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб.
Песната е дело на Миро Булјан и Антонија Шола, додека пак видеото е изработено од Дарио Јанковиќ.
По повод новото, посебно музичко видео тазе младоженецот се огласи на својот Фејсбук и напиша:
Мили мои… Со задоволство ви го подарувам мојот најнов спот за една од моите најомилени песни “Данас је љубав побједила”. Глумците во спотот верувам дека ќе ги препознаете.
Наскоро и македонска верзија верзија. Големо благодарам за најдобриот Дарио Јанковиќ-Генерал, напиша Јоце.https://www.youtube.com/watch?feature=youtu.be&v=jmLXCXdl5dQ&app=desktop