Некогашниот ТВ водител Дамјан Дренковски веќе извесно време живее во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати. Што работи таму, знаат веројатно само малкумина од неговиот близок круг на пријатели. Анонимни, како што стојат работите, кои не би сакале јавно да се експонираат, за разлика од бившата скопска ТВ фаца. А еве и зашто и како…
Имено, како што е редот, Нова Година се слави насекаде во светот, па ја чекаа и во Дубаи. Се разбира, секој во согласност со желбите, можностите и потребите… А нашиот Дамјан имаше потреба од малку егзибиционизам… Колку во предновогодишната еуфорија, да ја докаже машкоста!?
Маскиран со празнични дедомразовски очила, облечен во црн дуксер со испечатен провокативен слоган на него:„Jingle My bells“, за кој подоцна ќе се покаже дека е во апсолутен склад со постапката, некогашниот водител одбројувајќи ги часовите и минутите до полноќ, сликовито ја опиша својата новогодишна желба, па ја овековечи на видеоклип.
Остана само нејасно, чии се вредните рачиња на анонимната Баба мразица, што така разиграно се погрижија и експлицитно да ја опишат новогодишната желба на водителот… Како потврда на неговата машкост или само онака… како новогодишна препорака преточечена во чист егзибиционизам?!