И додека жените на одредени јавни личности, особено пејачите, можеби и премногу се експонираат и „рекламираат“ во медиумите, има и такви кои не бараат никакво медиумско внимание и не провоцираат.
Една од нив е дефинитивно убавата Александра, која е во брак со еден српски познат пејач од 12 јули 2015 година, мажејќи се за него како студент на медицинскиот факултет.
Нејзиното име е Александра Васковиќ, сопругата на фронтменот на „Лексингтон бенд“ Бојан Васковиќ.
Убавата и згодна Александра со Бојан и нивната ќеркичка првите денови на студениот февруари ги поминуваат во потоплите области, од каде, сопругата на пејачот се пофали со фотографиите во костим за капење.