Медиумите со денови пишуваат за наводната врска меѓу Аца Лукас и Наташа Шавија, а тие се уште јавно не зборуваат за тоа.
Сепак, модната креатока на својот „Инстаграм“ профил објави фотографија од настап на Лукас во Париз, а оваа објава многумина ја сфатија како потврда дека тие се во врска.
За потсетување, медиумите пишуваа како Лукас „одлепил“ по Наташа и дека наводно таа ги пренела своите работи во станот на пејачот.
Дали Лукас и Наташа навистина се во врска, останува да видиме.
За потсетување, Лукас беше во брак со Соња Вуксановиќ со кого ја има ќерката Викторија, а медиумите во последно време често пишуваа дека парот наводно се смирил и дека повторно се заедно.