Радио Милева

Дали Македонија за вечерта на евровизиското финале ќе остане без еден важен член од тимот?

Дали Македонија за вечерта на евровизиското финале ќе остане без еден важен член од тимот?

Од нашите претходни текстови на Вистина.ком.мк поврзани за годинешната Еврозизија, можевте да прчитате наслов дека Србија со помош на Македонија се најде во финалето на големиот европски музички спектакл.

Имено, тоа на некој начин е така бидејќи нашите северни соседи, односно пејачката Невена Божовиќ на својата „Круна“ работеше со нашиот композитор Дарко Димитров кој замеша прсти и го направи аранжманот на песната.

Па така, Дарко и Невена која самата ги напишала музиката и текстот ги  здружија силите и  успеаја да се пласираат меѓу најдобрите.

фото:инсатграм/дарко димитров

Откако во вторникот беше прогласено дека Србија влегува во финеле, Димитров се радуваше во српскиот тим.

Но, бидејќи тој во Тел Авиви е заедно и со македонскиот тим, односно е еден од авторите на „Proud“, верувавме дека ќе ни се посреќи како и на Невена. А така и беше вчеравечер во второто полуфинале, кога Дарко седеше заедно со македонскиот тим, односно неговите колеги и композитори со кои задно ја создадоа маестралната „Proud“, Лазар Цветковски, Роберт Билбилов и текстописецот Коста Петров.

фото:инсатграм/дарко димитров

Сабота е големиот ден, а се запрашавме каде ли ќе седне сега Дарко Димитров и дали еден член помалку ќе има во ложата на Србија или Македонија?

фото:инсатграм/дарко димитров

Веруваме дека Димитров е горд на своите дела и тоа како се пласираа, но и тоа меѓу кој тим сака да биде и да слави по третпат!

 

 

To top