Радио Милева
ТВ феномен

Дали ќе ја препознаете – македонската ТВ водителка со најдолг стаж изгледа помлада од било кога? (ФОТО)

Дали ќе ја препознаете – македонската ТВ водителка со најдолг стаж изгледа помлада од било кога? (ФОТО)

Таа е една од македонските ТВ водителки кои имаат најдолг стаж. Неа на телевизиските екрани ја гледаме во континуитет над 30 години како новинар, водител и уредник на магазинските програми и емисии на националниот сервис. Од саботно-неделните утрински емисии, преку неделните попладниња, магазини, до фолк емисиите и фестивалските фолк изданија, кои последниве години ако не и децении не можат да минат без неа како водител.

По сето кажано, таа е телевизиски феномен. И покрај телевизискиот стаж и годините, Ели Танасковска изгледа помлада од било кога?! Нејзе времето како ништо да не и може, а годините очигледно за неа се само бројка во документите за лична идентификација. И покрај тоа што е мајка и баба, Ели изгледа како девојка. Колку повеќе старее – толку е помлада!

Дали динамиката на професијата и постојаното дружење со млади луѓе, спортскиот начин на живот (каратето е нејзин спорт), начинот на исхрана, козметичките третмани и шминката или естетските зафати ја кријат тајната на вечната младост на уредничката и ТВ водител на МТВ? Или сето тоа заедно – само таа го зне одговорот.

Последната нејзина трансформација е најдобар пример за нејзиното „подмладување“! Ако ги погледнете фотографиите ќе останете вчудовидени, зашто едвај ќе поверувате дека тоа  Ели Танасковска! Со нов имиџ, различна фризура и мејк ап, таа изгледа многу помлада, па дури некои од Вас тешко и ќе препознаат дека тоа е Ели, нели?  Као и да е, нејзината постојана трансформација говори дека таа е еден и единствен – македонски ТВ феномен!

 

Останати вести од Радио Милева