Радио Милева

Дали и вие вака го започнувате вашето утро? Навика која може да го наруши вашето здравје…

Дали и вие вака го започнувате вашето утро? Навика која може да го наруши вашето здравје…

Истражувањата докажале колку е штетно по здравјето доколку редовно го одложувате својот аларм наутро.

Луѓето кои што редовно го одложуваат својот аларм наутро, го зголемуваат ризикот од развивање на одредени здравствени проблеми, открило истражувањето од Клиниката за пореметувања на спиењето во Кливленд.

Според извештајот од клиниката, доколку чувствувате потреба неколку пати да притиснете „snooze“, дури и по осум часа сон, време е да се консултирате со вашиот доктор.

Извештајот нагласува дека, иако сите спиења не се исти, начинот на кој што завршува сонот може да биде показател на општа благосостојба.

„Истражувањата открија дека одложувањето на алармот ја пореметува РЕМ фазата на сонот или „ресторативната состојба“ на спиењето“ – изјавила д-р Рина Мехра, директорка на клиниката во Кливленд.

Зошто е важно тоа?
Секоја ноќ поминуваме низ две осносвни фази, РЕМ и не-РЕМ спиење. Националниот институт за невролошки пореметувања и мозочни удари, опишува дека не-РЕМ сонот се движи низ три фази:

Фаза 1: Кога од будна состојба преминувате во сон.
Фаза 2: Кога ќе заспиете веднаш.
Фаза 3: Кога ќе влезете во најдлабоко ниво на сонот.

Благодарение на третата фаза наутро се чувствувате свежи. Потоа влегувате во РЕМ фаза, која што започнува околу 90 минути откако ќе заспиете и трае додека не се разбудите.

„Очите брзо ви се движат од една кон друга страна зад затворените капаци. Вашето дишење станува забрзано и неправилно, а пулсот и крвниот притисок се зголемуваат речиси до нивото на будење. Поголемиот дел од вашето сонување се случува во текот на РЕМ фазата. Мускулите на рацете и нозете привремено се „парализирани“, за вашиот мозок да спречи вашето тело премногу да не мрда во текот на потенцијално активниот сон“ – објаснил експертот од Институтот.

извор: точка.мк

To top