Радио Милева „гаража“

Далеку од луксузот во Белград: Лепа Брена во Мајами живее во монтажна куќа (фото)

Далеку од луксузот во Белград: Лепа Брена во Мајами живее во монтажна куќа (фото)

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ освен огромната вила во елитната населба во Белград, имааст и стан во Монте Карло и куќа во Мајами.

За разлика од огромната куќа на Бежаниска коса  која што важи за една од најлуксузните вили, Брена и Боба во САД уживаат во помал луксуз.

Како што пишуваат медиумите, нивниот дом во Мајами се врбојува во просечни недвижности.

Куќата е изградена во 1950 година и е типичина монтажна американска куќа опкружена со огромни вили, па изгледа како гаража за тинејџерски рок бенд.

Домот има две бањи, кујна и трепезарија, а пејачката сама ги завршува домашните обврски.

„Брена таму оди за да се одмара, но ги работи и сите домаќински работи затоа што таму нема слуги и готвачи. Кога ќе го напушти Балкан, Брена е многу обична…“, вели изворот.

Огромната вила на пејачката во Белград се проценува дека вреди 2,5 милион евра, а вредноста на куќата во САД изнесува 950 000 долари.

Брена неодамна откри дека планираат заедно со сопругот да се преселат во помал простор.

„Децата се иселија што е нормално, па нашите дружења се квалитетни, а не квантитативни. Ќе изградиме нешто помалдо бидејќи 1500 квадрати за нас е премногу“ , изјави неодамна пејачката.

фото: дејан бриза/ало.рс/принтскрин/гранд оналјан

To top