Ако на нашите радио станици ја слушнавте последната песна на Влатко Лозаноски – Лозано, тогаш сигурно знаете за неговата соработка со детскиот серијал „Дајте музика“.
Песната „Другар“ веќе наголемо се врти на радио станиците ширум Македонија како и на Јутуб . Весела разиграна и забавна, песната „Другар“ највеќе од се‘ допре до децата, за кои и е направена, и наменета. Во година на пандемија, во време кога сите деца посетуваат он-лајн настава, детскиот серијал „Дајте музика“ им влеа надеж за подобра иднина, а песната „Другар“ нe’ потсети и нам возрасните на едно безгрижно детство полно со авантури и забава.
Лозано одлично се вклопи во концептот „Дајте музика„ како дел од една нова, модерна генерација на детски идоли кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, искреност, одговорност, вистинско другарство и емпатија. Лозано е еден од најмоќните вокали кај нас, а за него беше предизвик да се појави заедно со децата и зад себе да остави хит кој уште многу генерации ќе го пеат. Како и за претходните песни на Лозано, така и на оваа како автори се потпишуваат, тандемот Лазар и Ена Цветковски.
Погледнете го спотот: