Фондацијата „План Б“ за прв пат ги обедини легендарните музичари Дадо Топиќ и Влатко Стефановски. Љуовната рок балада „Само за њу“, за која текстот го напиша Дадо Топиќ, а композитори се Зоран Коневиќ и Шидахар Соланки. Оваа песна е една од деветте песни на неодамна објавениот албум „Plan B vol 1“.
Во Младинскиот театар во Бања Лука се снимаше интересно видео во режија на Сузана Лазиќ, а љубовната приказна на посебен начин ја претставија актерите во спотот Хелена Миљковиќ и Милан Бабиќ.
Албумот „Plan B vol. 1“ во издание на Tesla Music и Croatia Records беше претставен пред медиумите на почетокот на јуни на прес-конференција во Водице во рамките на фестивалот „CMC“, а неодамна беше успешно претставен и во Сараево.
Проследете во продолжение како звучи изгледа „Само за њу“ на Дадо Топиќ и Влатко Стефановски: