Радио Милева трета, ама бомба

Дадо Полумента има најубава жена на естрадата: Кога ќе ја видите нема мижење, русокосата Ивона е „сексапил во движење“ (ФОТО)

Дадо Полумента има најубава жена на естрадата: Кога ќе ја видите нема мижење, русокосата Ивона е „сексапил во движење“ (ФОТО)

Дадо Полумента, по два пропаднати брака се скраси крај убавата Ивона, со која ужива веќе седум години и со која има две ќерки. Пејачот  моментално е на одмор со семејството.Дадо и неговата сопруга, која има бајковит изглед и за која се вели дека е меѓу најубавите сопруги на естрадните пејачи, објавија слика од плажа која привлече големо внимание и покажаа дека се заљубени како и првиот ден.

Дадо често нагласува дека семејството му е на прво место, а познато е дека од првиот брак има син Доријан, кој одлично се согласува со сестрите Алеа и Алија.Тој и неговото семејство живеат во Нови Сад последниве неколку години и не планираат да се преселат, бидејќи многу им се допаѓаат и градот и луѓето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IVONA POLUMENTA (@ivona_polumenta)

Дадо еднаш открил дека кога Ивона се омажила не ни знаела како се прави кафе.На социјалните мрежи гордо ја покажува сопругата, бидејќи Ивона не само што е убава, туку и нестврано згодна, атрактивна и сексапилна. Кога ќе ја видите нема мижење, русокосата Ивона е „сексапил во движење“.

Впрочем на ваква жешка убавица ретко кој би и одолеал, но и покрај сите предизвици Дадо секаде и во секое време, љубоморно ја чува… само за себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IVONA POLUMENTA (@ivona_polumenta)

Фото: Инстаграм/ivona_polumenta

To top