Радио Милева Ќе биде „весело“:

Дадилката и куќна помошничка на Карлеуша влегува во „Задруга 3“

Дадилката и куќна помошничка на Карлеуша влегува во „Задруга 3“

“Втората сезона на “Задруга” финишира, а челниците на розовата телевизија упште сега активно бараат учесници на третата сезона. Тие одлучија дека овој пат кандидатите ќе бидат од различни профили”, ја  започнува изворот својата приказна, додавајќи дека главните луѓе “Пинк” овој пат не сакаат луѓе со криминално минато, туку само убави девојки и добри момчиња. Или ќе има луѓе кои на било кој начин биле забележани во јавноста последните месеци.

Вера Хорват, доскорешната дадилка и куќна помошничка на Јелена Карлеуша и нејзината сестра од септември речиси е сигурно дека ќе се најдат на списокот на учесници на имотот во Шимановци.

„Една од оние за кои многу се пишува последниве неколку месеци е Вера Хорват,  која цели 10 години била дадилка на децата и куќна помошничка кај Карлеуша. Всушност, со Вера уште се во преговори, а бидејќи Карлеуша ја отпушти, таа е сериозно размислува да влезе во реалното шоу, бидејќи во моментов не може да најде работа. Исто така, со неа би влегла и нејзината сестра, кој исто така работела кај пејачката. Тие се веќе неколку месеци без работа, па парите ќе им бидат добредојдени. Понудата што двете ја добиле била одлична, а надоместокот е многу повисока од платата што ја добивале кај пејачката“ – тврди добро информиран извор, додавајќи дека братот на пејачката Даре Бубамара пак, веќе потпишал договор за учество во „Задруга 3“.

Фото: Ало/Дејан Бриза/ Инстаграм принтскрин

To top