Ивана Петерс и Даниел Кајмакоски ја однесоа победата во петатта сезона на „Твоето лице звучи познато“, а чекот од 23 000 евра го доделија на двегодишното момче Урош Матошевиќ на кого му неопходна помош за лекување.
Исто така, целиот приход од гласовите ќе биде дониран во хуманитарни цели.
Во финалето на „ТЛЗП“, Дубравка Мијатовиќ не беше дел од жирито поради оправдани причини, а заедно со Урош и Душан, во жирито седеа Харис Ѓиновиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
„Знам дека со Ивана феноменално си ја завршивме работата. Драго ми е што му помогнавме на дете чија помош му е потребна. Сакам да ги пофалам и останатите кандидати. Би ја пофалил малата Богдановиќ, која секој пат беше прекрасна, како и Жељко Шашиќ кој е одличен вокал, господин и има добра душа. Тој посебно ме изненади во оваа сезона, со еден збор – господин“ вели Даниел за курир.рс
Во ревијалниот дел Ивица се фати за микфоронот и на сите им ги покажа своите вокални способности.
Токму за Даниел, најголемо изненадување беше и Ивица.
„Посебно ме изненади министерот Дачиќ. Јас не ја следев неговата работа, но не знаев дека е толку талентиран и дека пее толку добро. Направи хаос во студиото. Доказ дека е голем човек е тоа што по завршувањето на сите ни честиташе и разговараше со нас. Не можам да верувам дека е толку интересен и скроман. Меѓутоа, голема благодарност до Харис Ѓиновиќ. Кога ми ја честиташе победата, тој разговараше со мене. Беше најстручен во жирито, а неговите совети и комплименти ми значат многу бидејќи тој е стручен за музиката“ вели Кајмакоски.
За потсетување, ова е втора победа на Даниел во шоуто „Твоето лице звучи познато“.