Промотер

Дац и Митевски со песна што лечи срца скршени, за едни очи како – „Цреши охридски“ (ВИДЕО)

Дац и Митевски со песна што лечи срца скршени, за едни очи како – „Цреши охридски“ (ВИДЕО)

„Цреши охридски“ е една од највртените и една од песните која имаше најдобар прием кај публиката на штотукузавршениот фестива во Охрид, „Охрид фест – Охридски трубадури 2019“.

Впрочем и првата награда од жирито и втората награда од истата таа публика доволно говори за тоа каква експресија и емоции и пренесоа авторот Александар Митевски кој во дует со актерот Драган Спасов-Дац ја изведоа истата на фестивалот.

Дац и самиот воодушевен од приемот на песната на својот Фејсбук профил објави:

Како што веќе споменавме, музиката, текстот и аранжманот се на  Александар Митевски, миксот и мастерингот ги направил Бобан Василески, хармониката ја свири  Војче Петрушев, гитарите Бобан Василески.

Видеоспотот во вид на емотивна разгледница на градот бисер е производ на  „Мега продукција“ од Охрид.

To top