Сања Сани Гроздановска важи за една од најангажираните пејачки во регионот, па нејзината агенда од вторник до недела е потполнета.
Освен на професионален план, таа ужива и со нејзиното семејство, со сопругот Мартин, но и со ќерките Викторија и Ева.
Во интервју за „Ексклузив“ таа откри дека нејзиниот сопруг не е љубоморен, но дека и не ангажира други модели во нејзините спотови бидејќи не може да најде некој што е подобар од Мартин.
„Многу добро си живеме, а и сопругот многу ме чува“, вели Сани.
Инаку, пред одредено време во медиумите се појави веста дека фолкерката Елена Велевска се разведува од својот сопруг за кое веќе ви пишувавме.
Меѓутоа, по одредено време откако потврди дека се разведува, пејачката ја промени одлуката и одлучи да си даде втора шанса со сопругот.
Сани во интервјуто го прокоментира (не)разводот на својата колешка и истакна дека тоа е нејзин приватен живот.
„Немам коментар, секој си има своја приватност. Треба да го почитуваме тоа и да заќутиме, да не коментраме бидејќи никој не е во нејзина кожа и не знаеме што се случува. Дали се смириле или се развела тоа само она си знае“ вели Гроздановска.
Инаку, Велевска денес слави роденден и полни 38 години.