Пејачката Тамара Тодевска уште од пред неколку месеци започна јавно да ја експонира својата нова љубовна врска по крајот на бракот и разделбата со сопругот.
Очигледно силно вљубена во архитектот и дизајнер на ентериери, Лука Радовиќ, таа не се штеди во ниеден случај, време и место за да ги искаже своите чувства, а да ги покаже и неговите.
Понесена од љубовни пеперутки, Тамара не ретко објавува заеднички моменти со саканиот.
Она што е за пред очите на јавноста според неа засега е само за бакнеж во образ, онака невино и романтично, а за останатото има место само за нивната приватност.
Празничен период, љубовни искри, бегство на чист воздух на Маврово, совршена комбинација за љубовна двојка која е во период на почеток кога им е особено најслатко.
Евидентно е дека Тамара и Лука уживаат заедно, а кога е вака убав празничен период, магијата едноставно нема крај, а љубовта и страста до облаците!
Токму како во песната на „Кис“- „I was made for lovin’ you“ или создаден/а да те сакам“.
Токму тоа го посака и во својата новогодишна честитка, што повеќе љубов, насмевски и остварени соништа.
View this post on Instagram
-Ви посакувам година на остварени желби и соништа. Нека има повеќе љубов, насмевки и позитивна енергија за сите. Бидете свои, сакајте се себе си, но не заборавајте ги оние кои се секогаш тука за Вас. Од срце Ви посакувам среќна Нова 2024 и среќни празници- посака Тамара за себе и своите пријатели, фанови, следбеници.
фото:Instagram printscreen/ radovic_lukaa/ tamaratodevska